Ангела Меркел живее во изнајмен стан
вторник, 08 август 2017
merkel4000.jpgГерманската канцеларка Ангела Меркел која својот приватен живот многу добро го држи под контрола,како пред, така и по изборите, буди постојано интерес во јавноста, не само за тоа што го работи и какви политички одлуки носи, туку и за тоа каква е далеку од очите на јавноста, како живее, каде купува, каде патува, каде го запознала првиот сопруг, кој е нејзиниот втор сопруг, каков стан има.

- Дури и министерот за финансии Волфганг Шојбле не го знае нејзиниот стан - пишува германскиот месечник Вју (View) и вели дека на вратата на 4-от кат во Am Kupfergraben 6, на „Островот на музеите“ во Берлин, стои само „Profesor Zauer“ и не се знае ништо повеќе за изнајмениот стан во кој живеат Меркел и нејзиниот сопруг, професор по квантната хемија.

- Станот би требало да делува попрво како да е студентски, но и нејзините најблиски соработници, како што е Шојбле и портпаролот на Владата, Стефан Зајберт никогаш не биле таму – пишува Вју.

Списанието наведува дека таква можност имала, на пример, оперската дива Ана Нетребко, бидејќи Меркел многу сака опера.

За Меркел, фаворит на изборите во септември, која во ова време на изборната кампања и натпреварот особено го привлекува ин тересот на јавноста,се вели дека целиот свет ја гледа, а таа сепак успева да живее „еден речиси нормален живот“.

Неколкуте места каде што може да се одмори, на Меркел речиси ѝ се - свети. Така, секој пат кога може, ги поминува викендите во својата викендица во Хоенвалд, во Укермарк, 20 километри источно од Темплин.

- Таа тука собира сила, слуша гласно класична музика, со задоволство застанува до шпоретот и готви чорба од компири од градината. Тука ретко прима посетители. Оној, кој сака да ја фотографира нејзината куќа, полицијата на Бранденбург учтиво, но одлучно го замолува пред нивните очи да ја уништат фотографијата - пишува списанието.