Нов в.д директор на Здравствен дом во Охрид
вторник, 08 август 2017
malaricna1q.jpgСо одлука на министерството за здравство, назначен е нов ВД директор на охридскиот Здравствен дом. Во наредниот период со оваа здравствена институција ќе раководи Ајсел Зејноска, доктор во Итната медицинска помош во Охрид.Д-р Зејноска доаѓа на местото на д-р Катерина Димитрова, која на оваа функција беше од 2015 година.