Кој е охриѓанецот што се удави кај Сараиште
понеделник, 19 јуни 2017

saraiste444p.jpgБезживотно машко тело, синоќа околу 17 часот и 50 минути е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Сараиште“. Телото се наоѓало на дното на езерото на околу  четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десеттина  метри од езерскиот брег.

По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител  и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е  Димитри А. (61 ) од Охрид.

На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По  наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.