Белчишта го труе Езерото
сабота, 17 јуни 2017

zagaduva1qq.jpgКанализацијата од Општина Белчишта,административен центар на Дебраца кај Охрид,се влева во Охридското Езеро и го загадува.Пречистителната станица не е функционална,а од канализационата шахта нечистотиите се испумпуваат во водотекот кој минува низ селото.

Во селото Белчишта, административниот центар на општината, канализационата мрежа и пречистителната станица се изградени во 2005 година. Подолго време пречистителната станица не е функционална, а фекалните води од преполнетата канализационата шахта, на стотина метри пред пречистителната станица,директно се испумпуваат во водотекот, кој поминува низ селото и се влева во Матицата Сини Вирој, а оттаму преку реката Сатеска во Охридското Езеро. Последно вакво испумпување е извршено пред неколку дена алармираат граѓаните на Белчишта,

Белчиштани јавно бараат одоговор кој дозволи да се создаде  еколошка бомба

zagaduva2qq.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Зошто отпадните води не се третираат преку пречистителната станица и зошто истата не е во функција ? Дали се свесни дека ваквото недозволиво постапување претставува еколошка бомба во срцето на Дебрца кое предизвикува штетни последици по здравјето и имотот на локалните жители и деградација на поширокатаживотна и природна средина ? Како е можно од една страна да го промовирате Белчишкото блато и  Еко музеј со убавините на блатото, а од друга страна фекалните води да ги испуштате во блатото !?

Ова се само некои од прашањата на кои одговор бараме од Градоначалникот на општината, кој ако заборавил, да го потсетиме дека на градоначалничката функција дојде од должноста  државен инспектор за животна средина.порачаа белчиштани.