Се поткрадува чинарот,стар десет века
вторник, 13 јуни 2017

cinar1qww.jpgОхридскиот Чинар ,стар околу десет века, се поткрадува.Откако во 2012 година се скрши поради старост по трет пат,делови од него ги одвлекуваат охриѓани,а некои гости на Охрид земаат делови како сувенири.

 

На Чинарот извршени се неколку интервенции,конззеравции,заштитен беше со специјална платнена обивка,но тоа не помогна многу.Интервенираа стручњаци од Министерството за екологија и од завод и Музеј во Охрид,па сепак Чинарот постојано се смалува.Не е тоа само од старост, туку од фактот што се подкрадуваат гранки,парчиња од стеблото кое се распаѓа.

 

Ние преку надлежните инстиуции во неколку наврати интерениравме да се санира Чинарот.Тој во себе  крие многу векови и е еден од симболите на Охрид.Статички е стабилизирано стеблото,поставена е платнена заштита.Има и иницијатива за трајна заштита на овој споменик на природата и на културата.Тоа е е се што можеше дасе направи во овој момент,велат од локалната самоуправа во Охрид.

 

Преданијата говорат дека Чинарот во Охрид го засадил Климент Охридски некаде кон крајот на деветтиот и почетокот на десеттиот век.Во тоа време  во Охрид бил отворен Климентовиот универзитет за кој се вели дека е постар и од Универзитеот во Болоња,кој се смета за најстар во Европа.