Поради "терористички муабет" приземјен е голем авион
недела, 11 јуни 2017
teroristicki1qq.jpgАвион што летал на релација Љубљана – Лондон во саботата вечер итно слетал на аеродромот Келн-Бон во Германија, откако на пилотот му предочиле дека тројца од патниците се однесувале сомнително, објави германската полиција.

Повеќе патници во авионот ги чуле тројцата мажи како муабетат за „терористички работи“ и ги пријавиле кај кабинскиот персонал, по што пилотот одлучил итно да слета.

Авионот на нискобуџетната компанија Изиџет со 151 патник слетал на аеродромот Келн – Бон, при што патниците биле евакуирани преку тобоганите за итно напуштање на воздухопловот на самата писта. Потоа биле пренесени во транзитниот оддел, каде што сите биле испитувани, атројцата мажи биле задржани од полицијата.

Полицијата уништила и еден ранец за кој никој од патниците не сакал да каже чиј е.

teroristicki1q.jpg

За време на евакуацијата десет авиони што требало да слетаат биле пренасочени на блиските аеродроми, а повеќе од 20 полетувања биле задоценти.