Бакрач пушта шумски патеки,а кај Билјанини е изорана
сабота, 10 јуни 2017

kanalstudencista2qd.jpgСе уште актуелниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески деновиве  со голема помпа пушти шумска патека на ридот во стариот дел на градот,а патеката што води од мостот на Студенчишта до Билјанините Извори ја остави изорана.

Патека, која се наоѓа во Стариот дел на градот и се протега од месноста Кошишта по северната страна на калето кон Лабино и Канео. Од Лабино патеката продолжува кон Воска и Даљан, а од таму кон извиднички центар.

Должината на пешачката патека изнесува 2 700 метри,

 

Претседателот на урбанта заедница  Стар град, Горан Патче, истакна дека изградбата на патеката ја збогатува туристичката понуда на градот и дека е од големо значење за охриѓани, но и за гостите што сведочи и големата фрекфенција на патеката.

sumska2qd.jpg

 

Буџетот издвоен за изградба на патеката изнесува околу 6,5 милион денари.

 

Оваа патека му била важна на Охрид во вкупната туристичка понуда,додека патеката покрај каналот Студенчишта, токму пред почетокот на главната туристичка сезона ,никаде јавно не се кажува колку му значи на Охрид.

 

Оваа патека,долга неколку стотина метри,требаше да биде готова уште во декември минатата година.Продолжувањето на рокот беше оправдувано со ниските температури поради што асфалтните базни не испорачувале асфалт,за потоа да се каже дека патеката ќе се покрива со посбене камен.