Клуни стана татко на близнаци
вторник, 06 јуни 2017
kluni_i_kanalis.jpgЕдна од најпознатите светски двојки, Џорџ  и Амал Клуни денес добиле близнаци. Веста ја објави новинската агенција Асошиејтед Прес преку Твитер, а парот се одлучил на своите деца да им ги даде имињата Александар и Ела. Откако тие открија дека очекуваат бебе, мајката на Амал ја сподели со јавноста информацијата дека ќе имаат машко и женско дете.