Вардар е европски шампион
недела, 04 јуни 2017
sampion300l.jpgВардар го победи Пари Сен Жермен со 24:23 во финалето на ракометната Лигата на шампиони и првпат во својата историја стана европски шампион.

Како и во полуфиналето против Барселона, дуелот против францускиот тим во Келн беше израмнет од почеток од крај. Вардар одигра одлично второ полувреме, откако на паузата беше 12:11 за противникот. Стрелец на победоносниот гол во последната секунда од средбата беше Иван Чупиќ.

Крилото Тимур Дибиров беше најдобар стрелец за Вардар со 7 гола.