Јана не влезе во финалето на Евросонг,ама доби прстен
четврток, 11 мај 2017
jana1wwd.jpgЈана Бурчевска, македонската претставничка на изборот за песна на Евровизија, не се пласираше во финалето со песната „Танцувај сам“ (Dance Alone), откако не се најде меѓу десетте песни со најмногу гласови во втората полуфинална вечер. Бурческа не успеа да ја прекине серијата на Македонија од пет години без пласман во финалето, иако го украде шоуто во Киев вечерва, првин со објавата дека е трудна во промотивниот спот пред нејзиниот настап, а потоа и со запросувањето.

Среде гласањето на Евросонг, момчето што го претставија како Александар ја запроси Јана Бурческа со клекнување и подарување свршенички прстен пред камерите на милиони гледачи на телевизија. Над 200 милиони гледачи вечерва ја следат полуфиналната вечер на Песната на Евровизија.

Пред да настапи македонската претставничка на Евросонг со промотивниот спот објави дека е трудна. Во спотот што се пушта како најава пред секој настап на учесниците на евровизискиот фестивал во една сцена се појавува Јана на ехо преглед во гинеколошка ординација.

                   jana1ww.jpg

Македонија веќе 20 години се обидува да најде успешна формула за Изборот за песна на Евровизија, но само еднаш успеа да заврши во горната половина во финалето, и тоа во 2006 година кога Елена Ристеска го освои 12. место со „Нинанајна“.