Документарец за селектирање на ПЕТ амбалажата
среда, 03 декември 2008
 

recikliaza.jpgПроектот за селектирање на ПЕТ амбалажата и примарното рециклирање што во јуни годинава со поддршка на УСАИД го започнаа Општината, Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и еколошкото Друштво „Јагода“ од Лескоец,  успешно се реализира.

Голем е и придонесот на  носителите на проектот кои   го пропагираат преку разни форми .Во случајов тоа е ЕД „Јагода“ со снимениот документарен филм под наслов „Собирај, селектирај и рециклирај ПEТ,  научи за ПET во општина Охрид“. Промоцијата на овој документарен филм ќе се одржи  во  четврток во салата на хотел „Ривиера“ во 19 часот.

Последни измени ( среда, 03 декември 2008 )