Бананата ги чува белите дробови
петок, 06 јуни 2014
banana1v.jpgАмерикански и европски научници докажале дека некои продукти за многу краток рок помагаат за одржување на здрави бели дробови. Научниците тврдат дека цитронот, бананите, рибата и сирењето можат да им помогнат на луѓето кои се борат против болести на белите дробови. Поточно, тие пронашле поврзаност меѓу овие намирници и хроничните опструктивни болести на белите дробови.
Експертите спровеле тригодишно истражување, со кое се обиделе да откријат на кој начин исхраната помага или не кај најчестите проблеми со белите дробови. На испитаниците со хронично заболување на белите дробови, кои јаделе цитрони, банани, риба и сирење, состојбата им се подобрила во рок од 24 часа.
Поради ваквите откритија, доктор Корин Хансон им советува на лицата кои страдаат од хронични опструктивни болести на белите дробови, поинаков начин на исхрана што ќе им помогне при лекувањето.