Хитлер умрел дури во 1964 година?
сабота, 18 октомври 2008

hitler.jpgАдолф Хитлер  не извршил самоубиство на 30 април 1945 година,туку преку Шпанија пребегал во Аргентина и дека умрел во 1964 година.Ова го тврди авторот на бестселерот "Хитлер во Аргентина" Абел Басти.

Тој,покрај другото, своето сомневање дека Хитлер навистина се  самоубил го образложува и со фактот дека ФБИ уште во 1947 година во своите документи наведувала дека нема сигурни докази оти фирерот се самоубил.Дури,агентите на моќната ФБИ тргнале да бараат траги од Хитлер во Шпанија.Авторот се повикува и на други детали кои ги поткрепуваат неговите сомневања.Басти наведува дека агентите на федералното биро,споре една информација што ја добиле,јавуваат дека на 28 април 1947 година еден угледен шпански лекар признал дека го лекувал Хитлер,кому му било нарушено здравјето.

Басти тврди дека Хитлер меѓу 27 и 30 април 1945 година  бил пренсен во Барселона со специјален лет на авионот од типот "јункерс-290".Со него била Ева Браун,како и уште 13 истакнати нацисти,меѓу кои и озогласените Мартин Борман и Хајнрих Химлер.

Официјалната верзија вели дека Хитлер извршил самоубиство на 30 април 1945 година.Меѓутоа, Басти се прашува зошто американските агенти го испитувале  шпанскиот лекар и зошто сакале да му влезат во трага на таинствениот пациент.Тој уште додава дека располага со архивски запис на радио емисија на  BBS од 8 мај 1945 година,во кој репортерот соопштува дека  војните лекари во "Фирер бункерот" не успеале да го го пронајдат Хитлеровото тело.Откриен би  трупот на двојникот,а сојузничките војници во тоа време пронашле шест мртви Хитлерови двојници.

Критичарите на ваквата теза на Басти му забележуваат дека тој премногу се врзува за извештајот на еден репортер на BBS.но тој одговара со контра прашање-Зошто оваа емисија била заведена како строго поверлива и не била достапна во јавноста цели шест децении?

Авторот Басти подготвува нова книга под наслов "Каде побегнал Хитлер:цел-Патагонија".По повод престојното излегување на оваа книга авторот вели дека ги завршува подготовките со кои од морското дно ќе бидат извлечени три подморници.Со една од нив Хитлер бил префрлен во Аргентина.Тој трагал и по гробот на Хитлер, при што наведува дека резултати нема да бида разочарувачки.

Последни измени ( сабота, 18 октомври 2008 )