Папата Јован Павле Втори бил избоден со нож
четврток, 16 октомври 2008
papa.jpg

Папата Јован Павле Втори бил избоден со нож од ултраконзервативен свештеник на Католичката црква на 12 мај 1982 година, за време на неговата посета на Португалија. Ватикан сиве овие години, случајот го држел в најстрога тајност.

Кардиналот Станислав Џивиш, еден од најблиските соработници на папата Јован Павле Втори, кој починал во 2005 година, ова тврдење го изнесува во документарниот филм “Сведоштво“, кој пак денеска ќе биде прикажан во Вашингтон.

“Сега смеам да откријам дека светиот отец беше ранет“, рекол кардиналот.

Папата со нож го избол свештеникот Хуан Фернандез, кој бил протеран од Португалија, откако си ја отслужил затворската казна. Една година пред овој напад, на плоштадот Свети Петар во Рим, Турчинот Мехмед Али Агџа, се обиде да го убие Папата Јован Павле Втори.

Последни измени ( четврток, 16 октомври 2008 )