Наскоро ќе читаме пластични весници
среда, 15 октомври 2008

logo.jpgГерманско-британската компанија "Пластик-логик" наскоро ќе почне со производство на пластични весници.Автори на овој нов модел на весници се студентите од Лабораторијата Кевендиш на Универзитетот Кембриџ.

Екранот ќе биде изработен од супер тенка пластика,со дебелина на кредитна картичка,формат А4,а во него ќе можат да се постават и некои документи.Весниците ќе се читаат еден ден,а потоа можат да се фрлат во канта за ѓубре.

Се смета  дека со овој пронајдок кој ќе стартува идната година,драстично ќе се намали потрошувачката на дрво и на другите суровини за производство на весници.

Последни измени ( среда, 15 октомври 2008 )