На Хрватите им стигнале змии од Белград
четврток, 07 март 2013

zmija00.jpgСемејството Ристиќ од Белград и подарило на Зоолошката градина во Загреб 25 змии,меѓу кои и некои од најотровните на светот.Тоа се јужноафрианската звечарка и габонската отровница.Станува збор за  една од најголемите и највредни приватни колекции на светот.

Оваа Зооградина досега имала исклучиво хрватски отровници,па заради тоа за пристигнувањето на змиите од Белград извршени се посебни подготовки.

Посетителите  змиите ќе можат да ги видат низ посебно сигурносно стакло,а до крајот на годината во Зооградината ќе биде уреден и посебен простор за габонската отровница,една од најопасните змии на светот.