Новиот дворец на Папата го погоди земјотрес
понеделник, 04 март 2013

dvorec888.jpgПапскиот дворец Кастел Гандолфо го погодил земјотрес само неколку дена во очи на доаѓањето на поранешниот Папа Бенедикт Шеснаесетии во тој објект.

 .

 

Земјотресот не бил многу јак,имал само 2,5 степени според Рихтер,но бил доволно силен да ги разбранува чувствата на милиони католички верници кои ова можат да го протолкуваат како втор Божји знак во врска со бившиот поглавара на црквата.

Заради потсетување, на 11 февруари на денот кога Папата објави дека ја напушта Светата столица,гром ја погоди базиликата на Свети Петар во Ватикан.