Во Токио млади луѓе живеат во "ормарчиња"
петок, 01 март 2013
ormarce444.jpg

Поради недостаток на простор во Токио помладите Јапонци  живеат во такавикани касети за што плаќаат кирија од 465 евра месечно.Во нив има место за едно или две лица и за мал  дел од облеката.

Токио е еден од најгусто населените градови на светот,па оттука и појавата на овие  касети кои личат на ормари од некоја железничка станица.

Тие не се погодни за луѓе кои страдаат од клаустрофобија,бидејќи немаат прозори и во нив се чувствувате како да живеете во некој снадак.За луѓе повисоки од 180 сантиметри проблем е да ги испружат нозете до крај.

Овие ормачиња ги користат млади службеници кои поголемиот дел од денот го поминуваат на работа,а ноќе само доаѓаат да преспијат во ормарчињата,или кутиите.

„Геки-сема",како што се нарекуваат овие станови,снимени се во токиската општина Шибуја.

ormarce00.jpg