Деветгодишна Мексиканка родила бебе
среда, 06 февруари 2013
bebe7.jpgДеветгодишно девојче од Мексико роди девојче, соопштија  локалните власти и членови од нејзиното семејство. - Девојчето имало само нешто повеќе од осум години кога забременила. Татко е момче од 17 години, но не можеме да го најдеме, затоа што избегал, им рекла мајката на девојчето по име Дафне, на локалните официјални лица во мексиканската сојузна држава Халиско.

- Го бараме момчето за да ја чуеме и неговата приказна, затоа што девојчето не разбира што се случило. Тука станува збор или за силување или за случај на сексуално злоставување, рече едно официјално лице на судот на државата Халиско.

Девојчето се породи на 27 јануари и роди ќерка тешка 2,7 килограмил. Двете девојчиња се пуштени од родилиштето и се чувствуваат добро, но од болницата соопштија дека ќе продолжат да ја следат нивната состојба, поради младоста на мајката.