Почина режисерот Владо Цветаноски
вторник, 23 октомври 2012
cvetan.jpgДенес,ненадејно почина познатиот режисер,професор на факултетот за драмски уметности Владо Цветаноски (53).

Во текот на својата интензивна, исклучително успешна, безмалку тридецениска кариера, Цветановски режирал шеесетина претстави за кои освоил  дури 12 најугледни професионални награди, македонски и странски, меѓу кои и „Млад борец“, вонредна Стеријина награда за претставата во целина, пет награди за најдобра претстава во целина на МТФ „Војдан Чернодрински“, четири награди за најдобра режија на истиот фестивал.

Режирал повеќе документарни филмови како и играниот филм „Тајната книга“.

Комеморацијатаза Цветановски ќе се одржи утре во 11 часот на ФДУ, а погребот е закажан за 13.30 на Градските гробишта Бутел.