"Уметникот" освои пет оскари
понеделник, 27 февруари 2012
oskar23.jpgФранцускиот црно-бел нем филм "Уметникот" освои пет оскари, меѓу кои и за најдобар филм, најдобра режија за  Мишел Хазанавичус и за најдобар актер за Жан Дужарден.

Филмот е романтична приказна од златната ера на немиот Холивуд, за актер чија кариера нагло се прекинува со доаѓањето на звучниот филм.

Авантуристички филм "Иго" на Мартин Скорсезе освои исто така пет Оскари, но во категориите за технички достигнувања.
Оскарот за најдобра актерка  го доби Мерил Стрип за улогата на британската премиерка Маргарет Тачер во филмот "Челичната леди". Октавија Спенсер победи за најдобра споредна женска улога во филмот "Тајниот живот на домашните помошнички", а 82-годишниот Кристофер Пламер победи за најдобра споредна машка улога во "Почетници" и стана најстариот актер кој добил оскар.
Вуди Ален доби оскар за најдобро сценарио за "Полноќ во Париз".
Иранскиот филм "Разделба" на Асгар Фархади доби оскар за најдобар странски филм.