Храна за добар сон
среда, 01 февруари 2012
tuna.jpgПретераното внесување на алкохолни пијалоци и висококалорична храна пред спиење може да ви го поремети сонот, соопштила германската компанија за здраство ДАК.

На метаболизмот на човекот многу неповолно му делува претераното внесување на храна и пијалоци, затоа што по оброкот желудникот работи со "полна переа", а остатокот на организмот останува буден, што често предизвикува будење среде ноќ.

Ако сакте цврст сон, препорачуваат од ДАК, пред спиење секогаш земјате лесна храна. Се препорачува млеко, јогурт или туна, затоа што оваа храна содрижи аминокиселини како што е триптофан кој го потикнува добриот сон.