Заштитете ги забите
сабота, 26 ноември 2011
zabi.jpgИсто како што е важно миењето на забите меѓу оброците, така може многу да помогне во превенцијата од расипување на забите и консумирањето на:

* чај: содржи флуорид, што штити од расипување на забите. Зелениот чај исто така содржи флавоноиди, што ги намалуваат заболувањата на непцата и ги зацврстуваат забите.

млеко: иако содржи лактоза (шеќер), неговиот протеин и калциум ги штити забите.

* ореви: некои студии покажуваат дека оревите, кои не содржат карбохидрати, ги штитат забите од расипување, и затоа се добра храна за забите.

* сирење: содржи вид протеин што ги штити забите од киселините што ги расипуваат, а содржи и калциум, кој ги штити забите од лошото дејство врз нив на шеќерите и киселините.

* ксилитол: се користи во гумите за џвакање без шеќер, тоа е природен засладувач извлечен од бреза, и ги штити забите од создавање бактериски плак што ги расипува забите.