Пет митови за спиењето поради кои сте изморени PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 18 јуни 2011
umor_pospanost_tabfull.jpgДоколку сте од оние кои постојано се ненаспани, имате проблем со заспивањето, а кога сте сабајле се чувствувате како „скршени“, прочитајте зошто ви се случува ова. И најважното - што да превземете.

Доколку ги игнорирате овие митови ќе имате повеќе енергија и ќе го подобрите вашето спиење.

Вежбањето пред спиење ќе ве расони
Вежбањето не делува подеднакво на сите. Истражувањата имаат покажано дека дури и интензивното вежбање пред спиење не мора да влијае на сонот кај некои луѓе - напротив, може да ви помогне полесно да заспиете. За да направите тест и да видите дали вежбањето ви одговара, вежбајте во различен период од денот и ќе видите како физичката активност влијае на вашиот сон.

 

pripremite-se-na-pospanost-pocinje-ljetno-racunanje-vremena_article_full.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Попладневното дремнување ќе ве измори уште повеќе
Вистина е дека на некои луѓе попладневниот сон влијае лошо, но вистина е дека и кај повеќето луѓе само 10 до 20 минути сон им ја враќа будноста и ги прави порасположени, вели Кимберли Кот од Универзитетот Охајо која се занимава со проблемите поврзани со спиењето.

Пожелно е да дремнете што порано преку ден, за да не му сметате на мозокот кога ќе дојде времето за ноќно спиење. Земете перница, сместете се на удобната фотелја за да не спиете предолго, опуштете се и лесно ќе задремете.

Не е страшно доколку не спиете доволно
Апсолутно погрешно. Фактот е дека доколку пропуштите само 90 минути квалитетен сон, вашата дневна будност се намалува за 32%. Тоа е доволно за да ви падне концентрацијата на работа, додека возите и да ви ја намали способноста за правилна проценка. Најдобро е преку ден да го надокнадите недостатокот на сон, а доколку сте на работа - заминете на кратка прошетка.

Ќе си надоместам преку викенд
Ова не е лоша идеја, но дали навистина можете да го надоместите сонот кој сте го пропуштиле преку целата недела? Наместо спиење до ниедно време во сабота по кое повторно ќе се чувствувате како претепани, обидете се во работните денови да оддвоите некој час за вас.

Не е важно кога заминувате на спиење
Ноќните птици имаат дури три пати поголеми шанси да заболат од депресија, покажува едно истражување на тема спиење. Доколку сакате да се доведете во ред, а не знаете како, стручњаците советуваат за почеток да си легнете во кревет 15 до 12 минути порано, а ова аграница да ја поместувате секојдневно во наредните денови, додека заспивањето не го поместите за два часа. Подесете го будилникот да ве разбуди најдоцна по осум часа.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ЛИТИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ВЕЛИКОМАЧЕНИК ГЕОРГИЈ - СТРУГА 2018

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive