Гаро на романтилна тура низ Европа PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 1
ЛошОдличен 
понеделник, 28 февруари 2011
garo.jpgТапанарот Гаро Тавитја јуниор и неговата свршеничка Ема уживаа во двонеделна тура низ Европа. Ги посетија Виена, Осло и Париз. Последниве месеци, Ема студира и живее во Осло, па Гаро решил да ја изненади, и да ја посети.

 

" Ема доби стипендија за мастер во Норвешка за биомедицина на кус период, бидејќи веќе беше стипендист во Швајцарија и Америка. Таа е баран програмер на програмерскиот јазик Ц и Ц плус, во куси црти таа е генијалец во својата област. Ема дојде во Виена каде што јас настапував, па потоа заедно отидовме во Осло кај неа. Бев воодушевен од убавините на Норвешка, и смирената атмосфера меѓу луѓето. За Валентин решивме да одиме во Париз, градот на љубовта. Ме бендиса што Париз живее 24 часа на ден и има преубава архитектура. Посебно е чуството да се качите на Ајфеловата Кула со личноста што ја сакате. Се чуствував како да го освоив светот", раскажува Гаро, кој додава дека на ова патување со Ема ја прославиле свршувачката.
Младиот музичар вели дека ги посетиле сите значајни џез барови и музички продавници меѓу кои и онаа на "Вирџин". Во Париз имале прием во Македонската амбасада, и со Амбасадорот и вработените разговарале за многу теми, а најмногу за музиката.
" Две недели со Ема ми поминаа како две минути. Им препорачувам на сте млади двојки барем еднаш да го посетат Париз и да ја почуствуваат магијата на овој град", вели Гаро. Откако се врати во Скопје,тој е посветен на снимањето на вториот дел од албумот "Македонското срце чука во седум осмини", заедно со татко му Гарабет и брат му Диран.

ВЕСТ

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive