Песната за Евровизија ќе се бира во една вечер PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 31 октомври 2010
evrovizija999.jpgЉупчо Стојановски е новиот шеф на евровизиската делегација. Досегашната шефица Гордана Андрашевска заминала од МТВ. Заради рецесијата, годинава изборот за песна за Евросонг место три вечери ќе биде само една вечер, велат од националната куќа.

Колку песни ќе бидат во изборот, сè уште не се знае.
- Планирано е од идната недела да се објави конкурсот, но годинава нема да се земаат песни само од конкурс, туку и ќе правиме нарачки од наши автори. Се уште сме во дилема и кој да биде уметнички директор. Не се знае дали и понатаму ќе остане досегашниот Љупчо Мирковски, или на негово место ќе биде Диран Тавитјан или пак сосема некој трет. Има неколку варијанти и за тоа ќе се одлучува идната недела. Не сметам дека доцниме многу со подготовките. Јас пред 15 години пет години бев експерт за забавни програми во МТВ и три пати учествував во домашниот избор за песна на евровизијата и знам како е. Веќе се пратени писма по нашите министерства за помош. Пратени се и формуларите за котизација, што значи дека сигурно ќе одиме на евровизија уште само да ја избереме песната, вели Аљоша Симјановски, уредник на првата програма на МТВ.
Во музичките кругови веќе се шпекулира со имињата околу можниот претставник на Македонија на Евросонг. Како фаворит се смета Ламбе Алабаковски, а муабетите се повеќе се подгрејаа по неговата победа на годинашниот "Макфест".
Годинава најголемото европско музичко шоу ќе се одржи во мај во Диселдорф, Германија, по победата на Лена во Осло, Норвешка.

ВЕСТ

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive