|
Иконите од Крушево полицијата ги откри кај Дебар!? |
|
|
|
|
вторник, 09 февруари 2010 |
|
Полицијата од Охрид и Дебар во синхронизирана акција успеаја да пронајдат 25 икони на околу 300-400 метри од патот бо близина на македонско албанската граница кај селото Спас,Дебарско.Се претпоставува дека овие вредни икони потекнуваат од црквата во Крушево, но полицијата се уште работи на утврдување на вистинското место од каде што се украдени.Информацијата ја потврди гласноговорникот на СВР-Охрид Стефан Димоски.
Иконите биле ставени во најлонски,а потоа и во јутени вреќе
Иконите се пронајдени во делот на илегалните премини на македонско-албанската граница,но на тоа му предходела осмислена оперативна стратегија на полицајците од Охрид и од Струга.
Полицајците во непристапен терен пронашле и запален "мерцедес".Се прават и анализи дали оваа група која е најверојатне од соседна Албанија била поврзната со групата која ги пустеше православните храмови кај Луково,Струга.
Го гламносале возилото и безглаво киднале
Полицијата поднесе кривична пријава против непознат сторител за кривичн дело "криумчарење".
Фото:СВР-Охрид
|