Почина авторот на култниот "Ловец во жито" |
|
|
|
четврток, 28 јануари 2010 |
Легендарниот американски писател Џером Дејвид Селинџер (91) почина вчера во својата куќа.соопштил неговиот син.
Селинџер стекна слава со неговиот роман "Ловец во жито",а станал познат и по тоа што живеел изолирано во својата куќа во Корниш,Њу Хемпшир.
Романот "Ловец во жито" продаден е во околу 60 милиони примероци,а неговиот главен лик Холден Колфилд станал еден од најпознатите антихерои во историјата на литературата.
Делото на Селинџер имало влијание врз генерација филмски творци -"Бунтовник без причина","Питомец" и ред други.
И убиецот на славниот Џон Ленон Марк Дејвид Чепмен рекол дека Ленон го убил инспириран од "Ловец во жито".
За време на престојот во Европа Селинџер го запознал Ернест Хемингвеј.Иако напишал неколку книги од 1965 година не објавил ниту едно ново дело,И покрај тоа Селинџер останал еден од најзначајните писатели на 20 век.
|
Последни измени ( четврток, 28 јануари 2010 )
|