Азнавур дојде во Охрид,но малкумина го видоа PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 06 јули 2009

aznavur5.jpgФестивалот на францускиот филм во Охрид беше и помина.Немаме намера да критикуваме една добра замисла и идеја, но факт е дека главната ѕвезда на манифестацијата,Шарл Азнавур, речиси неприметно дојде и си замина од нашиот град.Неговото присуство беше ретка можност,која никогаш повеќе нема да се повтори, овдешните новинари,кои работаат во градот каде што се одржа фестивалот, да  се сретнат со него, да направат интервју.Ништо од тоа не се реализира,за жал.

За жал, кога станува збор за доаѓањето на Азнавур фестивалот направи навистина многу пропусти. Шарл Азнавур годинава беше гостин на 2. Фестивал на француски филм, кој се одржува во Охрид и тој секако требаше да биде дел од овој фестивал, што всушност најмалку беше. Азнавур беше одведен кај премиерот, кај претседателот, но во Охрид не му беше направена ниту прес-конференција и не му беше овозможена средба со новинарите, што е основно правило за кој било гостин на фестивал. Покрај тоа, на единственото претставување на Азнавур пред публиката, значи на затворањето на фестивалот, немавме можност да видиме ниту еден мал колаж од неговите седумдесетина филма, поводот поради кој беше на овој фестивал.
Што се однесува до самата програма, оваа година имаше десет филма во главна програма и уште пет краткометражни, како и филмот за затворањето „Такси за Тобрук“, од 1960 година, кој беше прикажан во чест на Шарл Азнавур. Факт е дека една ваква програма не може во никој случај да се смета фестивалска. Но, интересно е дека охридската публика одговори на сето тоа и проекциите имаа сосем добра посетеност. Дури по проекциите секогаш се остануваше и се разговараше со гостите дојдени за да ги претстават своите филмови. Добро е што барем овие дебати успеаја, затоа што оваа година не се одржаа предвидените прес-конференции, кои лани беа исто така добро посетувани. Организаторите рекоа дека немало интерес, додека новинарите ни рекоа дека не биле известени дека има прес-конференции. Како и да е, беше многу непријатно што неколку пресови, и покрај дојдените гости, мораа да се откажат.

Последни измени ( среда, 26 август 2009 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive