Тарнер:Ми се смачи другите да ги правам среќни PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 09 септември 2019
tinat1w.jpgСедумдесет и деветгодишната музичка дива Тина Тарнер веќе десет години не пее, не танцува ниту сака да се дотерува. Но, големата пејачка е актуелна периодов по мјузиклот базиран на нејзиниот живот насловен „Тина: Мјузиклот за Тина Тарнер“ кој од следниот месец ќе се игра на Бродвеј. Продукцијата од 16. 5 милиони долари досега се изведуваше од Лондон до Хамбург, а насловната улога ја игра Адриен Ворен,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

Во режија на Филида Лојд („Мама миа“), претставата опфаќа четири децении од животот на Тарнер, почнувајќи од детството како Ана Меј Булок во Тенеси, па сѐ до скокот во 1980-те кога стана една од најголемите поп ѕвезди на планетата.

Изминативе неколку години живее во Швајцарија, а на влезната врата од имотот е поставен написот „Не ни помислувајте да ја барате Тина пред пладне“.

 

„Таа стана ѕвезда во нејзините 20-ти години со Ајк Тарнер, избега од неговите малтретирања во 30-те, стигна до првите места на светските листи во 40-те, го помина светот со турнеи во нејзините 60-ти години, и сега би сакале да поспие“, пишува новинарката на „Њујорк тајмс“.

„Не пејам, не танцувам. Не се дотерувам и не ми недостасуваат настапите. Се уморив од пеењето и од тоа да ги правам сите среќни. Само тоа и правев во животот“, вели Тарнер во интервјуто.

Таа вели дека работела доста со екипата на мјузиклот, му го покажала нејзините препознатливи движења на кореографот, а кога првпат ја сретнала Ворен во Лондон, ја тестирала со мал квиз.

Пејачката е актуелна периодов по мјузиклот базиран на нејзиниот живот насловен „Тина: Мјузиклот за Тина Тарнер“ (Фото: „Њујорк тајмс“)

Во мјузиклот е претставен нејзиниот триумфален раст како самостојна пејачка како и романсата со нејзиниот сопруг Ервин Бак, но ги содржи и 16-те години кои ги поминала со Ајк. Го запознала како 17-годишната Ана Меј. Тој ја прослави, но на крајот поради него ја замрази музиката. Ѝ го промени името, а потоа си го заштити како негов бренд, и направи таа да му биде сопственост. Ѝ ја украде целата заработка. Ѝ истури кафе в лице. Ѝ ја скрши вилицата. И низ сето тоа, таа пееше.

Тарнер првпат проговори за насилството во книгата од 1986, „Јас, Тина“, а потоа често мораше тоа да го преживува во разни интервјуа.

Но, лани по премиерата на мјзиклот „Тина“ во Лондон, таа се смееше. На крајот од претставата, таа се упатила зад сцената и му се обратила на актерот кој го игра Ајк со зборовите: „Ти простувам“. Некои тоа го протолкуваа како прошка за нејзиниот поранешен сопруг, но таа вели дека никогаш нема да може да му прости.

„Ајк е мртов. Така што, не треба да се грижиме за него“, се смее Тарнер.

Со Бак се преселија во 1995 во Швајцарија. По бурниот живот, швајцарскиот ред ѝ дојде во право време во животот. Не говори германски јазик, така што и не зборува многу со соседите.

Новинарката забележува дека за време на интервјуто Тина била без препознатливиот црвен кармин и без периката. Кога Тина се уморила од интервјуто, таа си заминала и се вратила утредента да продолжат. Пејачката била дотерана и нашминкана подготовена за фотосесија за списание.

„Тоа вчера беше Ана Меј. Ова е Тина“, рекла таа.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive