Италијански квартет гитари на Охридско лето |
|
|
|
вторник, 13 август 2019 |
Квартетот гитари „Апеирон“ вечерва во 21 часот ќе одржи концерт на Охридско лето, во црквата „Св. Софија“.
Ќе настапат гитаристите Микеле Амбрози, Влатко Боцевски, Вјекослав Црнобори и Рафаеле Пизано.
„Присутен на светските музички сцени повеќе од 15 години, гитарскиот
квартет ‘Апеирон’ ја изведува својата концертна активност со цел да го
открие и сподели оригиналниот репертоар за четири гитари, притоа
инспирирајќи ги и мотивирајќи ги композиторите да пишуваат за овој
ансамбл“, велат од Охридско лето.
Квартетот има настапено во Италија, Чешка, Романија, Хрватска,
Словенија и Замбија. Во 2006 го издадоа својот прв албум „Апеирон“ со
музика составена од Јорк, Дуарте, Броувер, Лорен, Милетиќ, Рак и
Белинати.
|