Петкоска:Центарот за култура тоне PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 13 август 2019
kul1q.jpgАктуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ говорат за неуспешноста и неумешноста на СДСМ и нивниот коалиционен партнер ЛДП во раководењето со институцијата.кажа на денешниот  прес 
Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседател на УЖ Охрид.

Иако власта на СДСМ промени тројца директори резултатите се катастрофални, за разлика од периодот кога со оваа установа раководеше стручен и професионален кадар, при што беа одиграни преку сто театарски претстави за време од година и шест месеци, а сегашната бројка изнесува околу триесет за време од две години.

Наместо директорот Горан Симоновски преку соопштенија да ја известува јавноста за успехот дека ја претапацирале влезната врата граѓаните треба да знаат:

Дали неговиот избор и поставување е со партиски пазарења и политички критериуми наместо професионални?

Каква е таа програма изготвена толку брзо за работење на институцијата, која во себе би ги содржела програмските и развојните компоненти за работењето на самата Установа?

Зошто Народниот театар Охрид не гостува на релевантни домашни и меѓународни театарски фестивали како „Војдан Черднодрински“?

Како може претседател на Управниот Одбор да биде Васко Паскали, актуелен директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“?

Тоа е спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси и го повикуваме Државниот управен инспекторат тоа да го провери.

Ниту Централната власт со премиерот Заев, ниту Локалната со градоначалникот Георгиески не знаат да менаџираат со работите и оперативните политики од културата.

СДСМ не работи ништо за успешно развивање на културниот живот и културните содржини во Охрид.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive