-Катастрофална е
состојбата во образованието. Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од
грижата за најмладите.
Локалната власт на СДСМ и
градоначалникот Константин Георгиески тоа го докажа уште со ребалансот кога
имавме драстични кратење на милионски суми и пренамена за враќање стари
обврски.
Да биде трагедијата
поголема од последните извештаи се гледа дека и од тие скратени средства во
образование и детска заштита најголемиот дел се дозволило да бидат повлечени
(извршени) од добро познати доверители.
Зошто градоначалникот
Георгиески свесно ги остави средствата од образование и детска заштита за
извршување?
Зарем мораше од фирма
која и без тоа има најмногу вратен долг годинава?
Не чувствувате барем ни
малку срам затоа што санитарните јазли во училиштата се во очајна состојба, а
просторните услови само се влошуваат?
Зарем не Ви беше доволно
враќањето милиони, па сега моравте да скратите и од најмладите во образованието
и детската заштита?
Додека превозните услуги
се зголемија за цели два милиони денари во основно образование, од предвидените
капитални расходи во основно образование се скратија неверојатни седум милиони денари, а во средно
образование дури три милиони денари.
Локалната власт и
градоначалникот Георгиески ги ставаат бизнис интересите над грижата за
најмладите,кажа на денешната пре конференција Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
|