Доделени дипломите на матурантите од Охридската... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 10 август 2019
diplomi300t.jpgНа свечена пригода, вечерва, во дворот на Охридската гимназија беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2018/19.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој на матурантите им порача да бидат свои и да работат на својот талент.

 

– Некои ќе речат дека најтешко е да се зборува на телевизија, други пат ќе кажат дека најтешко е да се одговара пред професор, трети ќе речат дека најтешко е да се зборува пред маса народ и сите тие грешат. Најтешко е да се зборува пред млади луѓе, ентузијасти, кои се наоѓаат на животниот крстопат со тешка одлука по кој пат да го продолжат животното патување. А јас како човек кој што сум имал можност да се обраќам во секаква пригода, ве уверувам дека токму ова обраќање е најтешкото.

Додека се подготвував за овој настан, со мислите се навратив на моментите кога јас се наоѓав на Вашето место. Присетувајќи се на веселите и среќни денови, безгрижното другарување, но и на моментите кога требаше да ја донесам одлуката кој пат ќе го изберам. Тогаш одлучив дека во животот ќе се бавам со медицина и во ниеден момент немам зажалено за мојот избор. Иако чекорејќи во иднината на животот не беше воопшто лесна мисија. Впрочем како и секоја работа во која целта е висока.

 Како планинар – рекреативец, сакам да ве уверам дека горе на врвот погледот е фасцинантен, само оној којшто го издржал сиот напор качувајќи се по планинските сртови ја имал приликата да ужива во погледот. На таков начин функционира и животот, исполнет со голем број на падови и подеми. Животот не е замислен, да се живее само за да се заработи колку да се платат сметките и да се чека викенд. Секој човек, секој еден од Вас овде присутен има талент. Работата е во тоа дали имаме доволно храброст да го откриеме и работиме на талентот. Храброста можеби и е клучот за успех во животот, но без чест успехот ќе биде  површен. Како што своевремено ќе рече еден од најголемите мислители во светот Аристотел:

„Не можете да направите ништо во овој свет без Храброст. Храброста е најголемиот квалитет, одма после Честа“.

Затоа драги мои ризикувајте, ризикувајте за да го имате чувството дека поседувате нешто вредно.

Не постои страст играјќи на мало, и прифаќајќи животот кој сметате дека не е за Вас. “, ќе каже Нелсон Мендела.

Искористете ги приликите кои Ви се даваат, не се плашете од падовите, бидејќи после секое паѓање следи станување. Во медицината таквата крива линија ни покажува живот. Извлечете поука од секоја ситуација и подгответе се подобро за следната прилика и среќата ќе биде на Ваша страна, бидејќи

„Среќата е она што се случува кога подготвени ќе се соочите со дадената прилика“.

И запомнете единствена конкуренција во животот сте самите себеси, личноста која што сте биле вчера, со она што сте денес, како би биле подобри утре.

Од овде, од ова место, јас гледам генерација успешни охриѓани кои во најдобро светло ќе не претстават низ светот и чии имиња ќе бидат впишани во плејадата сограѓани кои дале свој придонес и добробит во различни области.

Нека Ви бидат среќни овие мигови, и нека Господ ви дари поволен ветар во грб.

Да сте ми живи и здрави, рече градоначалникот Георгиески.

Дополнително манифестацијата беше збогатена со презентација на класовите и културно – забавна програма, подготвена и реализирана од професорите и учениците.

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Во центарот на Охрид уништена наплатна рампа за...
naplatna1d.jpgНаплатна рампа за паркинг ноќеска беше уништена во центарот на Охрид.
Читај повеќе...
 
Што вели СДСМ,а што ВМРО-ДПМНЕ за ...
ohrid3w.jpgРазлични ставови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ околу образованието во Охрид.Стигнаа две соопштение.
Читај повеќе...
 
Општина Охрид осветлена со боите на ретките болести

retb1q.jpgЗградата на Општина Охрид од синоќа е обоена со боите на ретките болести.Таа е единствена јавна  институција во земјава која на овој начин се вклучи во одбележувањето на Денот на ретките болести.

Читај повеќе...
 
Градоначалникот Георгиески собира искуства во Израел
izrael1ww.jpgГрадоначалникот Константин Георгиески деновиве престојува во работна посета на Израел.
Читај повеќе...
 
СДСМ-Охрид:ВМРО-ДПМНЕ изнесе лаги

odgovor2q.jpg-Фабриката за лаги на ВМРО ДПМНЕ од државно со приближувањето на вонредните избори во април се засилува и на локално ниво,се наведува на почетокот од соопштението на ОО на СДСМ во Охрид.

Читај повеќе...
 
Божиновски вели дека " ЈП Колекторски систем" е ...
kolek1w.jpg-Правиот пат на СДСМ и Зоран Заев не значи и отворен пат за новото Државно Јавно претпријатие „Колекторски систем“ кое никако да профункционира со полн капацитет. Својата неспособност ја докажаа со тоа што уште неотворено замислете го блокираа. Општина Струга им ја блокира сметката за 2.500.000 милиони евра, кажа на денешната прес-конференцијата на Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од  Охрид.
Читај повеќе...
 
Жител на Подгорци нападна полицајци при...
tepacka1qq.jpgНа 16.02.2020 во 13.50 часот во Одделението за внатрешни работи Струга бил приведен А.А.(32) од струшкото село Подгорци. Тој претходно го нарушил јавниот ред и мир и се обидел физички да го нападне М.Џ. од истото село. При преземање мерки со за расчистување на нарушениот јавен ред и мир, А.А. физички ги нападнал полициските службеници. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
Жена тешко повредена во сообраќајка на "Железничка"

policija4000k.jpgНа 16.02.2020 во 14.20 часот било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид патничко возило „пежо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(33) од Охрид, удрило во пешакот З.С.(62) од с.Велгошти, охридско. Во незгодата З.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР - Охрид.

 
Фудбалери од соседството се почесто го бараат Охрид за
podgot1q.jpgЈП " Билјанини Извори" успешно ја продолжува соработката со Српската агенција "Спорт плус" од Белград која е специјализирана за организација на спортски турнири и припреми.
Читај повеќе...
 
Охридски нуркачи открија колонија на ракови полни со...
podrak1q.jpgНуркачите од охридскиот клуб „Акватек” на дното на Охридското Езеро открија колонија ракови полни со јајца, што говори дека овој некогаш загрозен вид сѐ повеќе го има во езерските води,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive