Охрид за прв пат ќе наплаќа паркинг за јахти во каналот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 23 јуни 2019
kanalotdenes1qd.jpgОхрид од почетокот на јули годинава конечно ќе почне да го наплаќа закотвувањето на пловни објекти во Студенчишкиот канал. Досега Општината не собираше ни денар за закотвување на пловила. Се наплаќаше само на делот од брегот кон објектот на АРМ, но таму средствата одеа кај војската. За прв пат, сега паркирањето официјално ќе се наплатува и на спротивниот дел од каналот, иако сопствениците на пловни објекти велат дека и до сега плаќале „на црно“ на неофицијални чувари на каналот,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

Бесплатно ќе биде само закотвувањето на едрилиците кои не го загадуваат езерото.

Одлуката ја донесе јавното претпријатие „Билјанини извори“, а ценовникот треба да го одобри Советот на Општината.

„Од први јули ќе почнеме со наплата за паркирање на пловни објекти на делот од брегот кој е на спротивната страна од постојниот објект на АРМ. Според наши пресметки, за јахти од 12 метри годишно ќе се наплаќаат околу 50 илјади денари, за традиционалните охридски кајчиња 3.000 денари, а за другите пловила цената ќе биде помеѓу овие два износи. Едногласни сме сме дека сопствениците на едрилици ќе бидат ослободени од плаќање за паркинг, бидејќи тие се украс на Езерото и не ја загадуваат околината“, ни изјави директорката на ЈП „Билјанини извори“ Гордана Јованоска.

Од ова јавно претпријатие велат дека веќе контактирале со сопствениците на пловни објекти кои не се од Охрид. Според регистрацијата на пловниот објект тие преку капетанијата ги добиваат основните податоци за тоа кој го користи пловилото. Напоменуваат дека ќе се склучуваат и договори за паркинг на шест месеци.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive