Петкоска:СДСМ се реасфрла со народните пари PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 22 јуни 2019

lidija1ee.jpg-Откако СДСМ е на власт во Охрид, ниту животот дојде, ниту Охрид тргна напред. Скандалите на функционерите од СДСМ никако да запрат кога е во прашање трошењето народни пари,рече  на денешната пресс конференција Лидија Петкоска,советник во Советот и претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.



-Владимир Алексијоски, директорот на МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“ треба да чувствува одговорност каде и како ги троши парите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ Охрид го охрабрува Алексијоски да излезе и да им објасни на охриѓани колку потрошил за угостителски услуги во 2017, 2018 и првите три месеци од 2019?

Кога Претпријатието има милиони денари загуба, тој прави милиони денари расходи на работи кои не се неопходни.

Додека недомаќински се трошат парите, поскапувањето на водата никако да престане. Веќе втор месец охриѓани добиваат повисоки сметки за вода и од веќе претходно покачените.

Милионите потрошени за непотребни работи и лични интереси требаше да бидат за ветените проекти кои ќе значат поквалитетна и поздрава вода за пиење.

Со измена на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување на предлог на градоначалникот Константин Георгиески се кратат 4.400.000 денари, меѓу останатите минус средства за преприклучување на водоводна мрежа за "Абас "и водоводни линии во Лескоец.

Додека фекалиите завршуваат во Охридското Езеро и дел од пумпите не работат на Алексијоски му се поважни кафаните. Градоначалникот Георгиески да побара одговорност и да го разреши аздисаниот директор Алексијоски.

Сведоци сме дека градоначалникот Георгиески и Јавните претпријатија личните интереси ги ставаат пред интересите на граѓаните и се расфрлаат со пари за работи кои воопшто и не се потребни.

СДСМ работи недомаќински и против интересите на граѓаните. Со СДСМ Охрид и охриѓани се враќаат назад,,кажа Петкоска.

Последни измени ( сабота, 22 јуни 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive