Јавен повик за субвенционирање на опрема за... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 19 јуни 2019
javen1ee.jpgВо согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој предвидено e субвенционирање на набавка на опрема и услуги за поттикнување на развојот на земјоделството и сточарството.

Целта на оваа активност е поттикнување на сите семејни земјоделски стопанства  вршители на земјоделска дејност од мал обем во општина Охрид за зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците за производство и зголемување на конкурентноста во сферата на земјоделството.

Право на користење на субвенционирање на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство имаат семејни земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на семејни земјоделски стопанства, кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Износот на субвенцијата по основ на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство ќе изнесува 80% од извршената набавка.

По дадениот рок за извршување на набавката, семејното земјоделско стопанство ги доставува фискалните сметки, фактури или други финансиски документи како доказ за извршената набавка.

БАРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ОПРЕМА И/ИЛИ УСЛУГИ ВО ЛОКАЛНОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И СТОЧАРСТВО

Набавката претходно мора да биде одобрена од Комисијата формирана од Градоначалникот на општина Охрид. Исплатата ќе се врши по приемот на фискалните сметки, фактури или други финансиски документи како доказ за извршената набавка.

Вкупниот износ на субвенциите не смее да го надминува предвидениот износ одобрен во Програмата Г1 за тековната година. Во случај на пристигнати барања за субвенции во вкупен износ поголем од предвидениот со Годишната Програма, ќе се применува принципот „прв дојден – прв услужен“ се до исполнување на предвидениот износ.

Крајниот рок за пријавување е до 12.07.2019 год.

Начинот и видот на субвенционирање на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство во општина Охрид е пропишан со Правилник за субвенционирање (начинот и видот) на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство, а истиот е составен дел на повикот.

ОБРАЗЕЦ – СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ОПРЕМА И/ИЛИ УСЛУГИ ВО ЛОКАЛНОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И СТОЧАРСТВО

Семејните земјоделски стопанства вршители на земјоделска дејност  од мал обем во град Охрид до комисијата за доделување на субвенции  по  основ на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство потребно е да достават:

·         Барање за субвенционирање на опрема и/или услуги,
·         Листа на планирана набавка
·         Потврда од решението за упис во Единствениот регистар на семејни земјоделски стопанства постаро од 6 месеци од моментот на поднесување на Барањето за субвенционирање на опрема и/или услуги.
·         Изјава заверена на нотар со која барателот потврдува дека за истата набавка досега нема добиено финансиски средства од Буџетот на Република Македонија или од друг извор.

·         Фотокопија од имотен лист

 

НАПОМЕНА: Субвенциите не покриваат извршување на градежни активности.

Прилог:

  • Барање за субвенционирање
  • Листа на планирана набавка
  • Правилник за субвенционирање (начинот и видот) на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство
 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

ВМРО-Охрид:во УНЕСКО пратиле еден текст,во ...
zgrada12q.jpg-Пред УНЕСКО предложија еден закон, пред пратениците во Собрание пратија друг!,обвинија денес на прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Читај повеќе...
 
Освежување на знаењата за прва помош преку Црвен...

crven100a.jpgЦрвен крст Охрид е организација која меѓу другото, работи и на унапредување и заштита на здравјето на граѓаните. Како една од многуте дејности кои ги покрива нашата организација, е и првата помош. Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Црвениот крст изведува настава за прва помош за кандидати за возачи на моторни возила.

Читај повеќе...
 
Оперски првенци ја пееjа легендарната "Билјана" во...
prvenci1qw.jpgОперските пејачи Благој Нацоски, Весна Ѓиноска-Илкова, Ирена Кафкалевска и Наде Талевска-Спасовска синоќа на концертот на Охридско лето во црквата „Св. Софија“ ја изведоа македонската пeсна „Билјана платно белеше“ како порака за спас на Охрид, во контекст на последните барања од УНЕСКО да се отстранат дивоградбите кои му го загрозуваат статусот на Охрид како заштитено светско културно и природно наследство.
Читај повеќе...
 
Изложба на нашинецот,а светски сликар Мајкл Клос

klose2t.jpgВо среда, 17 јули, во МАНУ-Куќата Уранија, градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, ќе ја отвори ликовната изложба на Клос, која се организира во рамките на најновата македонска, летна турнеја на Мајкл Клос.

Читај повеќе...
 
Две лица се повредени во сообраќајка на патот Ќафасан..
policija11.jpgНа 14.07.2019 околу 15.50 часот на магистралниот пат Ќафасан-с.Подмоље, струшко, на место викано „Пескавица“ во близина на с.Франгово, М.Д.(35) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во незгодата, возачот М.Д. и сопатничката Ј.Ќ.(27) од с.Умин дол, кумановско, се здобиле со повреди. Увид извршила екипа од Полициската станица Струга.
 
Профункционира премиум зоната за паркинг
rampaoh1q.jpgЈП „Билјанини извори” ја известува јавноста дека од денес 15-ти јули започна да функционира премиум зоната за наплата на паркинг, уврдена со одлука на Советот на Општина Охрид број 08-8533/26 од 10.06 2019 година.
Читај повеќе...
 
Дедовци се испотепале во центарот на Охрид,едниот...
nasilie1q.jpgНа 13.07.2019 год.  во 10,00 час. на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу И.В.(66) и П.Ш.(66), двајцата од Охрид.
Читај повеќе...
 
Глисерџиите најзаинтересирани за сидришта во каналот

kanalotdenes1qd.jpgЈавното претпријатие Билјанини извори кое стопанисува и со паркизните во Охрид почна со склучувње договори за сидришта во Студенчишкиот канал каде се закотвуваат најголем број на пловни објекти.

Читај повеќе...
 
Масовна тепачка на "Бистрица"
nasilie1q.jpgНа 12.07.2019 година околу 17.30 часот, во куќен двор на улицата „Бистрица“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Р.Ш.(41) и А.Ш.(36) од една и Л.Ш.49) и А.Ш.(20), сите од Охрид, од друга страна. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
 
СДСМ почна кампања под мотото "Зборот важи"

letno1ww.jpgЗа Социјалдемократскиот сојуз на  Македонија ова лето ќе биде работно. 

Под мотото: „Зборот важи“ и нашата општинска организација на СДСМ – Охрид како и сите останати во земјава  ќе ги интензивира активностите на терен, меѓу членството, симпатизерите и општо меѓу граѓаните.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive