Претседателот на Нотарите Кузманоски кај францускиот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 17 јуни 2019
vasko4wed.jpgДенес,  во Француската амбасада во Скопје, претседателот на Нотарската комора,  Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор на Нотарската комора,  Сашо Ѓурчиноски остварија средба со францускиот амбасадор г-дин Кристиан Тимоние.

Делегацијата на Нотарската комора го информираше Францускиот амбасадор за одржувањето на 115 -иот Конгрес на нотарите во Франција кој се одржа во Брисел, Белгија во периодот од 2 до 5 јуни 2019 година на кој на покана на Претседателот на Нотарската комора на Франција, Marc CAGNIART присуствуваше делегација на Нотарската комора на Република Северна Македонија составена од претседателот,  Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор, г-ѓа Анита Адамческа. Исто така од страна на претседателот на Нотарската комора, Васил Кузманоски е дадена информација дека во периодот од 20 - 21 јуни 2019 година во Св. Мало, Франција ќе присуствува на Генералното собрание на Советот на нотаријати во Европска унија (CNUE) каде Нотарската комора на Република Македонија е официјално членка набљудувач. Советот на нотаријати во Европска унија (CNUE) е официјално тело кое ја претставува нотарската професија во односите со европските институции и гиизразува заедничките одлуки на своите членови во институциите наЕвропската унија.

На крајот од средбата беше разговарано за придонесот на нотаријатот во зајакнување на правната сигурност и вкупниот општестевен и економски развој на државата и македонското законодавство, како и за огромниот придонес за подобрување на билетаралните односи со нотаријатите на земјите членки на Европската унија, за доближување и прилагодување кон европските правила и прописи и давање иницијативи за подобрување и моделирање на областите на правдата, слободата и безбедноста на граѓаните и правото на Европската унија. 


Последни измени ( понеделник, 17 јуни 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive