Заев:Реконструкција на владата до крајот на јуни PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 16 јуни 2019
cent1w.jpgВкупно 8 министри, исто толку заменици и 20-тина директори на јавни претпријатија ќе бидат сменети до крајот на јуни, најави денеска од седницата на Централниот одбор на СДСМ во Охрид премиерот и лидер на оваа партија Зоран Заев,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.

Денес Заев потврди дека дефинитивно предвремени парламентарни избори нема да има, ќе има реконструкција на Владата. До крајот на неделата, рече, ќе се знае кои министри ќе бидат сменети и кои се тие што ќе дојдат на нивно место, за да можат пратениците навреме да се запознаат со нивните биографии и да гласаат за реконструкцијата.

Заев кажа и оти меѓу 20-темина директори на јавни претпријатија што ќе бидат разрешени ќе има и директори од коалиционите партнери.

На местото на сменетите членови на извршниот одбор, денес Централниот ги донесе Рената Дескоска, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Фросина Ташевска – Ременски и други.

Потпретседатели на СДСМ денес не се избираат. Според одлуките што беа донесени со консензус на минатиот ЦО, разрешени беа Александар Кирацовски, генерален секретар, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова координатор на Форумот на жени и шесте потпретседатели Ташевска-Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.

Душко Весковски, директорот на „Водовод и канализација“ е новиот организациски секретар на СДСМ, кој доаѓа на местото на Миле Зечевиќ. Дане Талески останува секретар за меѓународна соработка на СДСМ. На седницата на ЦО не се разговарало за конкретни имиња на министри.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive