Ќе се најде ли Охрид на листата на загрозено... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 21 мај 2019
zagrozeno1qq.jpgПоради недоволниот напредок до решавањето на проблемите и земајќи ги предвид постојаните закани и големите инфраструктурни и развојни проекти, кои што претставуваат потенцијална опасност, УНЕСКО во најновиот извештај препорачува да го стави Природното и културното наследство на Охридскиот регион на Листата на загрозено светско наследство,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

Во извештајот, кој треба да биде разгледана на конференцијата на Комитетот за светско наследство во Баку од 30 јуни до 10 јули, УНЕСКО повторно бара од државата:

  • Да воспостави мораториум на какви било урбани трансформации на брегот сè додека не се финализираат и усвојат ефективни законски решенија за заштита и механизми за нивно спроведување.
  • Да се направи проценка на нелегалните градби и да се утврди нивното влијание на заштитеното подрачје и потоа да се срушат сите кои претставуваат опасност за подрачјето. Строго да се спроведуваат законите правилниците да се спречат понатамошни дивоградби.
  • Да се финализира планот за управување со цел да се заштити и одржи заштитеното подрачје и да се предаде предлогот на Комитетот за светско наследство пред да биде усвоен.
  • Да се имплементираат сите претходни барања на Комитетот за светско наследство и препораките на мисијата од 2017 година.
  • Се бара од државата, во консултација со Комитетот за светско наследство, да направи предлог за посакуваната состојба на Конзервација за отстранување на подрачјето од Листата на загрозено светско наследство и сет на корективни мерки, вклучувајќи временска рамка за нивна имплементација и таа да биде разгледана на конференцијата на Комитетот за светско наследство во 2020 година.
  • Се бара од државата до 1 февруари 2020 да достави до Комитетот за светско наследство дополнет извештај за конзервација на подрачјето за да биде прегледан од Комитетот на конференцијата во 2020 година.

УНЕСКО во извештајот со жалење констатира дека малку е направено за имплементација приоритетните препораки на мисијата на УНЕСКО од 2017 година.Тие го поздравуваат запирањето на патот преку Галичица и ски центар на планината, но сметаат дека тоа не е доволно за значително да се намали ранливоста на подрачјето.

Со жалење забележуваат дека државата не го информира редовно Комитетот за светско наследство за проектите и активностите што се предвидуваат и реализираат во заштитеното подрачје и дека со голема загриженост ја следат најавата за продолжување на оригиналната траса на железничкиот коридор 8, и покрај барањето на Комитетот за алтернативно решение надвор од заштитените подрачја. Исто така, УНЕСКО е загрижен за делот од автопатот од Требеништа до Струга и бара од државата итно да пронајде друго решение за проектот.

УНЕСКО забележува дека подрачјето останува погодено до несоодветна градба со несоодветно урбано развивање и експлоатација на брегот, зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој предизвикан од силен притисок од туризмот.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive