Почина легендата на формула-1 Ники Лауда PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 21 мај 2019
lauda1q.jpgТрикратниот светски првак во Формула 1 и една од најпрепознатливите фигури во автомобилистичкиот спорт Ники Лауда почина на 70 години. Легендарниот Австриец, на кого во август му беше пресаден бел дроб, починал мирно вчера, објави неговото семејство.

Тој беше светски шампион со Ферари во 1975 и 1977 и потоа со Мекларен во 1984 година и неговата кариера беше обележана со чудесен камбек по страотната несреќа за време на Германското гран при во 1976 година, од којашто излезе со тешки изгореници.

Последниве години, тој основа и водеше авиокомпанија и помогна да се лансира кариерата на Луис Хамилтон, кој денес е најуспешниот Ф-1 возач.

На 1 август 1976 година, само една година откако ја освои првата титула, Лауда претрпи изгореници од трет степен на главата и лицето и вдиша токсични гасови откако неговиот болид се запали на патеката Нирбургринг. Иако му се даваа мали шанси дека ќе преживее, Лауда, сè уште во завои, се врати на патеките по само 40 дена.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive