Ванеса Меј го отвора годинешново Охридско лето PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 20 мај 2019

ohridskopres1qd.jpgMега популарната виолинистка, светски славната Британка Ванеса Меј, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе го отвори 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.

Уметничка која го носи епитетот светско чудо ќе приреди спектакуларен почеток настапувајќи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и вокалните солисти од Македонската опера и балет и под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров.

Како што најави директорката на НУ Охридско лето, Наташа Поповиќ, на речиси два месеци пред отворањето на фестивалот, со посветена и професионална работа се завршени  подготовките во делот на програмата за 59-тото издание.

-Со гордост можам да најавам дека не’ очекува уште едно успешно Охридско лето, богата и квалитетна уметничка понуда со врвни уметници. Низ 40-те фестивалски денови, љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат на фестивалската сцена каде ќе се слави врвната уметност. Покрај светските уметници почит и белег ќе дадеме и кон нашите македонски уметници, истакнати поединци и творци од областа на уметноста. Тука се и традиционалните вечери кои ги правиме во соработка со Амбасадите. На сцената на Античкиот театар, во предворјето на црквата „Св. Софија", во црквата „Св. Софија", на Долни Сарај и во Центарот за култура ќе се одржат преку 40 културни настани, најави Поповиќ.

Најавувајќи ги музичките настани на годинешното фестивалско издание, селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Васо Ристов, рече дека и годинава е предвидена квалитетна и атрактивна програма  во текот на 40-те фестивалски денови. ohridsko_pres2qd.jpg

“На претстојното издание на „Охридско лето“ ќе имаме учесници –уметници од Италија, Австрија, Русија,  Бугарија, Германија, Чешка, Словенија, Албанија, Норвешка, Хрватска, Франција, Србија, Косово, Финска и други земји. Би ги издвоил еден од најпознатите виолончелисти на светската сцена, Русинот Денис Шаповалов, неповторливата сопранистка Инва Мула од Албанија која ќе настапи заедно со  македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски и сопранот Дешира Крлиу, тука е пијано-дуото Гелебешеви, познатиот српски виолинист Стефан Миленковиќ, ансамблот Дорицо од Италија, гудачкиот квартет Асасело од Германија, како и Камерниот оркестар од Државната филхармонија од Бријанск , Русија. Посебно уметничко доживување за публиката ќе приредат извонредните словенечки уметници, виолончелистот Клемен Хвала и кларинетистот Дарко Брлек. Годинава во обемната програма со врвни уметници на „Охридско лето“ ја има и албанската флејтистка Јонела Големи. Публиката ќе ужива и во  звуците на пијаното што ќе ги приреди светски познатата уметница Виолета Егорова од Русија, а концерт на фестивалот ќе одржи и  нејзиниот колега и сонародник, пијанистот Александер Гаџиев, најави селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Васо Ристов.

Теaтарскиот дел на „Охридско лето“, како што рече селекторот на драмската програма Александар Поповски, во своето видео-обраќање, годинава ќе биде посветен на човекот којшто е заслужен за генераци и генерации театарски уметници, драмскиот писател и драматург, покојниот Горан Стефановски.

За него Охридско лето беше нешто посебно, Охрид беше нешто посебно, и мислам дека треба да најдеме начин, и сеуште барам вистински начин, како да му се оддолжиме и како да оставиме поголем печат за она што тој го правеше за сите нас, рече Поповски.

Тој најави  дека годинава фестивалската програма на „Охридско лето“ годинава ќе донесе театарски претстави од Словенија, Хрватска, Казахстан, Турција, Португалија, Србија, како и драмски проекти од домашна продукција.

Отворањето на драмскиот дел  ќе биде со претставата „Самрак на Боговите“ според оној филм на Висконти, кои сите добро го познаваме. Доаѓаат СНГ  Драма Марибор, претстава којашто веќе гостува на неколку фестивали, и којашто на фестивалот во Ниш ги освои сите награди. Затварањето е со Народниот Театар од Белград, со преставата „Иванов“ од Антон Павлович Чехов каде што ќе можеме да го видиме во главна улога нашиот Никола Ристановски, рече драмскиот селектор Александар Поповски.

Новина годинава ќе биде и  воведувањето туристички водич  за уметниците кои ќе учествуваат на фестивалот и ќе се запознаат со културното наследство, но и историските знаменитости на Охрид.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive