Ванеса Меј го отвора годинешново Охридско лето PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 20 мај 2019

ohridskopres1qd.jpgMега популарната виолинистка, светски славната Британка Ванеса Меј, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе го отвори 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.

Уметничка која го носи епитетот светско чудо ќе приреди спектакуларен почеток настапувајќи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и вокалните солисти од Македонската опера и балет и под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров.

Како што најави директорката на НУ Охридско лето, Наташа Поповиќ, на речиси два месеци пред отворањето на фестивалот, со посветена и професионална работа се завршени  подготовките во делот на програмата за 59-тото издание.

-Со гордост можам да најавам дека не’ очекува уште едно успешно Охридско лето, богата и квалитетна уметничка понуда со врвни уметници. Низ 40-те фестивалски денови, љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат на фестивалската сцена каде ќе се слави врвната уметност. Покрај светските уметници почит и белег ќе дадеме и кон нашите македонски уметници, истакнати поединци и творци од областа на уметноста. Тука се и традиционалните вечери кои ги правиме во соработка со Амбасадите. На сцената на Античкиот театар, во предворјето на црквата „Св. Софија", во црквата „Св. Софија", на Долни Сарај и во Центарот за култура ќе се одржат преку 40 културни настани, најави Поповиќ.

Најавувајќи ги музичките настани на годинешното фестивалско издание, селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Васо Ристов, рече дека и годинава е предвидена квалитетна и атрактивна програма  во текот на 40-те фестивалски денови. ohridsko_pres2qd.jpg

“На претстојното издание на „Охридско лето“ ќе имаме учесници –уметници од Италија, Австрија, Русија,  Бугарија, Германија, Чешка, Словенија, Албанија, Норвешка, Хрватска, Франција, Србија, Косово, Финска и други земји. Би ги издвоил еден од најпознатите виолончелисти на светската сцена, Русинот Денис Шаповалов, неповторливата сопранистка Инва Мула од Албанија која ќе настапи заедно со  македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски и сопранот Дешира Крлиу, тука е пијано-дуото Гелебешеви, познатиот српски виолинист Стефан Миленковиќ, ансамблот Дорицо од Италија, гудачкиот квартет Асасело од Германија, како и Камерниот оркестар од Државната филхармонија од Бријанск , Русија. Посебно уметничко доживување за публиката ќе приредат извонредните словенечки уметници, виолончелистот Клемен Хвала и кларинетистот Дарко Брлек. Годинава во обемната програма со врвни уметници на „Охридско лето“ ја има и албанската флејтистка Јонела Големи. Публиката ќе ужива и во  звуците на пијаното што ќе ги приреди светски познатата уметница Виолета Егорова од Русија, а концерт на фестивалот ќе одржи и  нејзиниот колега и сонародник, пијанистот Александер Гаџиев, најави селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Васо Ристов.

Теaтарскиот дел на „Охридско лето“, како што рече селекторот на драмската програма Александар Поповски, во своето видео-обраќање, годинава ќе биде посветен на човекот којшто е заслужен за генераци и генерации театарски уметници, драмскиот писател и драматург, покојниот Горан Стефановски.

За него Охридско лето беше нешто посебно, Охрид беше нешто посебно, и мислам дека треба да најдеме начин, и сеуште барам вистински начин, како да му се оддолжиме и како да оставиме поголем печат за она што тој го правеше за сите нас, рече Поповски.

Тој најави  дека годинава фестивалската програма на „Охридско лето“ годинава ќе донесе театарски претстави од Словенија, Хрватска, Казахстан, Турција, Португалија, Србија, како и драмски проекти од домашна продукција.

Отворањето на драмскиот дел  ќе биде со претставата „Самрак на Боговите“ според оној филм на Висконти, кои сите добро го познаваме. Доаѓаат СНГ  Драма Марибор, претстава којашто веќе гостува на неколку фестивали, и којашто на фестивалот во Ниш ги освои сите награди. Затварањето е со Народниот Театар од Белград, со преставата „Иванов“ од Антон Павлович Чехов каде што ќе можеме да го видиме во главна улога нашиот Никола Ристановски, рече драмскиот селектор Александар Поповски.

Новина годинава ќе биде и  воведувањето туристички водич  за уметниците кои ќе учествуваат на фестивалот и ќе се запознаат со културното наследство, но и историските знаменитости на Охрид.

 

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Крводарителска акција во Гимназијата

gim1ww.jpgСо цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 26.06.2019 (среда) во просториите на ОСУ "Св.Климент Охридски"-Гимназија во периодот од 9-13 ч.

Читај повеќе...
 
Охрид за прв пат ќе наплаќа паркинг за јахти во каналот
kanalotdenes1qd.jpgОхрид од почетокот на јули годинава конечно ќе почне да го наплаќа закотвувањето на пловни објекти во Студенчишкиот канал. Досега Општината не собираше ни денар за закотвување на пловила. Се наплаќаше само на делот од брегот кон објектот на АРМ, но таму средствата одеа кај војската. За прв пат, сега паркирањето официјално ќе се наплатува и на спротивниот дел од каналот, иако сопствениците на пловни објекти велат дека и до сега плаќале „на црно“ на неофицијални чувари на каналот,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам
Читај повеќе...
 
Алексијоски:"Аздисаниот" директор ja смали загубата за

vlado2ee.jpgПо прозивката на денешната пресс конференција од страна на советничката и претеседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска,денес преку соопштение реагираше генералениот  директор на МЈП „Проаква”.диплoмиранот  инженер - технолог Владимир Алексијоски.Соопштението го пренесуваме во целост.

Читај повеќе...
 
Петкоска:СДСМ се реасфрла со народните пари

lidija1ee.jpg-Откако СДСМ е на власт во Охрид, ниту животот дојде, ниту Охрид тргна напред. Скандалите на функционерите од СДСМ никако да запрат кога е во прашање трошењето народни пари,рече  на денешната пресс конференција Лидија Петкоска,советник во Советот и претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.



Читај повеќе...
 
Презентација на европските фондови и програми
evrop1we.jpgСите фази на подготовка, аплицирање и спроведување на европски проекти, како и детали за повиците за финансирање од актуелниот програмски период, на кои можат да аплицираат субјекти од нашата земја, беа објаснети во рамки на Презентацијата на европски фондови и програми, која се одржа денес во Општина Охрид.
Читај повеќе...
 
Охридските акцијаши одат во "Стрежево" на...
breg22.jpgНа 22. 06. 2019 година (сабота) 25 млади од Акцијашкиот клуб "Брег на младоста" ќе се упатат на одбележување на 40 години од младинската работна акција "Стрежево" - Битола и ќе одадат почит на сите илјадници акцијаши кои несебично се вградија во изградбата на овој капитален објект - хидрооперативен систем "Стрежево".
Читај повеќе...
 
Од понеделник ќе биде отворен градскиот базен
bazen4r.jpgЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека од понеделник 24 јуни градскиот базен "Атина Бојаџи" ќе биде отворен за сите корисници. Во изминатиот период јавното претпријатие ги направи сите неопходни активности кои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата во базените и комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен.
Читај повеќе...
 
Двајца охриѓани дивееле на кеј "Македонија"
svrohrid2q.jpgНа 20.06.2019 година во 03 часот и 15 минути,  во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“, нарушен е јавниот ред и мир  од Д.Ј. и В.М., двајцата од Охрид.
Читај повеќе...
 
Јавен повик за субвенционирање на опрема за...
javen1ee.jpgВо согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој предвидено e субвенционирање на набавка на опрема и услуги за поттикнување на развојот на земјоделството и сточарството.
Читај повеќе...
 
Паноски:Езерската вода има висок квалитет
panoski11w.jpgВо пресрет на Денот на Езерото, што се одбележува веќе 20 години, може да се каже дека квалитетот на неговата вода е висок. Само со работа и грижа за езерото можеме да го сочуваме неговиот статус во УНЕСКО, вели координаторот на тимот за Дримски процес, Дејан Паноски.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive