Холандија победи на Евровизија,Тамара осма PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 19 мај 2019
vizijat1q.jpgХоландија победи на Евровизија, а Тамара Тодевска и го донесе највисокиот пласман на Северна Македонија досега, 8-то место. Македонија вечерва, по седум години пауза беше дел од финалето на Евровизија  со Тамара, чија песна „Горда“ успешно ја помина втората полуфинална вечер во четвртокот. Тамара пееше осма по ред во финалето, а нејзини придружни вокали беа Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

Македонија доби 12 поени од Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и долго време беше на првото место на табелата. Гласањето на жирото го заврши на второ место со само 2 поена зад Шведска. На крајот, по гласовите на публиката, заврши на осмото место.

„Горда“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот , а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска. Спотот го режираше Чедо Поповски.

Финалето почна така што ланската победничка Нета, „слета“ на сцената, по што се емитуваше нејзина снимка од авионот, во која на симбличен начин ја повика цела Европа да ѝ се придружи на патување низ музиката. Потоа на сцената продефилираа сите учесници од 26 земји, налик на изборите на изборите за мис на убавина, а водителот на сите им посакуваше добредојде на нивните јазици. Прва настапи Дана интернешл, победничката на Евровизија во 1998, како и некои од израелските претсавници низ годините на Евровизија. Израел досега четири пари има победено на Евровизија.

Прва настапи Малта, а Шпанија беше последна.

Ова беше прв настап на Македонија во финалето од 2012 година, кога нè претставуваше Калиопи со песната „Црно и бело“. Најдобриот пласман досега го држеше Елена Ристеска, која беше 12-та со песната „Нинанајна“ на натпреварувањето во Грција во 2006 година.

Тамара по вторпат учествува на Евровизија, но во 2008 во Белград настапи заедно со Врчак и Адријан Гаџа.

Специјална гостинка беше поп кралицата Мадона, која изведе две песни во пресрет на гласањето: класикот „Како молитва“ и новиот сингл „Иднина“ со американскиот рапер Кваво, во придружба на 35-член хор.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive