Штраусовиот "Лилјак" на плоштадот во Охрид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 18 мај 2019
maturska200t.jpgСо танц на музика од штраусовата опера „Лилјакот“, околу 400 матуранти од  четирите  охридски средни училишни центри на плоштадот „Св. Климент Охридски“  се вклучија во манифестација „Матурска парада 2019“.

Пред почетокот на танцот матурантите ги поздрави претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска.

– Гледам  младост, безгрижност и среќа кај сите вас. Ова е вашиот ден, ова се ваши мигови, овој плоштад е Ваш. „Младоста е среќна затоа што за нејзе има иднина“рекол Гогољ,  а вие сте нашата иднина. На вас останува  ова општество и целиот Свет. Сигурна сум дека од средношколските денови носите грст убави спомени и знаења кои ќе ги осветлуваат вашите животни патишта и кои ќе бидат основа за градење на светла иднина. Во овој момент земете го компасот и мапата на животот во свои раце.  Уверена  сум дека сега сте потполно свесни колку е важно образованието. Нелсон Мандела рекол „Образованието е најмоќно оружје кое можете да го употребите за да го менувате светот“.  Колку досегашното знаење допринело во вашето „навооружување“ ќе покаже времето кое е пред вас. Сигурна сум дека денес се обраќам на успешни млади луѓе кои ќе ги освојуваат сите сфери на животот и науката.  Основачот на дигиталната доба Стив Џобс кажал, „Твоето време е ограничено, немој да го трошиш на нечиј живот. Немој да допуштиш да живееш како што другите мислат. Немој да дозволиш туѓите  мислења да ти го уништат твојот внатрешен глас. И најважно имај храброст да го пратиш своето срце и интуиција. Тиеодамна одредиле што навистина сакаш да бидеш во животот.“ Драги матуранти, најдобар начин да ја предвидиш својата иднина е да ја изградиш онаква каква што ја посакуваш. Околностите на животот не можеме да ги избереме но може да ги избереме сопствените реакции  на тие околности.  Изградете ја иднината таква каква што ја посакувате.  Алатката за таквата градба ја имате во вашите знаења, талент и неисцрпни способности постојано да учите и да се надградувате. Животот е како приказна, не е важно колку е долг туку колку е добар.  Затоа потрудете се да биде добри луѓе, добри лекари, адвокати, судии, менаџери, занаетчии, професори, архитекти, политичари. Само доколку нештото го сакате и работите со љубов ќе бидете добри  и успешни во професијата, рече Ангелоска.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид.  Оваа година покрај Македонија во проектот ќе учествуваат матуранти од 60 градови на Југоисточна Европа.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive