Ученици ја најавија манифестацијата "Охрид трчат" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 15 мај 2019
najava1ww.jpgУченици од основните училишта од Охрид и Дебрца учествуваа на Училишната трка која беше одржана денеска, како најава за третото издание на Спортската манифестација „Охрид трчат“.

Наградите за најдобрите и најбрзите учесници во трката ги додели Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.

Во женска категорија најдобра на трката беше Нена Несторовска од ОУ„ Христо Узунов“, второто место го освои Елена Шенгулоска од ОУ„Живко Чинго“, а третото место и припадна на Мендувие Далипоска од ОУ„Братство Единство“. Во машка категорија прв до целта пристигна Климент Филев од ОУ„Св. Климент Охридски“, втората награда ја освои Владимир Пердулоски од ОУ„Живко Чинго“, а третата награда му беше доделена на Зоран Стојоски од ОУ„Св. Наум Охридски“.

Училишната трка беше организирана во соработка со Сојузот на училишен спорт од Охрид, а е поддржана од Делегација на Европската Унија, Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Фондацијата „Климент Колески“.

Во рамки на овогодинешното издание на „Охрид трчат“ на 18-ти мај во сабота ќе се одржи и Детска трка за дечиња на возраст од 5 години. Трката ќе започне во 11 часот и ќе се одвива на Кејот Македонија. Официјалната програма од Спортскиот атлетски викенд „Охрид трчат“ ќе започне на 31-ви мај, а главните трки ќе се одржат на 2-ри јуни 2019 година.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive