Охридскиот Ротари клуб донираше компјутери во "Христо" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 15 мај 2019

kom1q.jpgРотари Клубот од Охрид, денес донираше компјутерска опрема на Основното училиште ,, Христо Узунов ,, во Охрид, наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето.

Компјутерската опрема се состои од технички средства во вид на лап топ, фотокопир, печатар, ламирка и останати потрошни материјали кои директно ќе послужат за задоволувањето на посебните образовни потреби на учениците кои се дел од училиштето.

Донацијата беше остварена по предходна консултација со управата и стручното лице – дефектолог кое секојдневно работи со децата кои имаат посебни образовни потреби, односно донирана беше таква опремата од која што училиштето имаше потреба и која е наменета и посебно прилагодена токму за овие деца, се со цел да може да придонесе во нивното полесно и побрзо совладување на образовниот материјал. 

Оваа донација е трета во низата на донации од годишната програма на Ротари Клубот Охрид која е посветена на помагање на институции и организации кои работат со деца со посебни интелектуални, физички и образовни потреби во нашиот град и околината.

kom3qq.jpg

Благодарни сме на директорката на училиштето и дефектологот, како и целиот наставен и технички кадар кои ни овозможија да дадеме еден скромен придонес во нивната институција, а воедно со ова сакаме да ја покренеме колективната свест на нашето општество и да стимулираме конкретни активности кон конкретни ранливи групи на кои и најмалото внимание им е од огромно значење во остварувањето на нивните секојдневни потреби.

 

 

 

 

 

kom2qq.jpg

Воедно истакнуваме дека Ротари Клубот Охрид како и до сега преку значајните инфраструктурни и техничко-функционалните донации во детското одделение при Општата Болница во Охрид, преку донацијата на целосен Скејт парк во нашиот град, инфраструктуро- техничките и функционално-естетските донаци во детските градинки низ нашата Општина и останатите проекти со кои се стори напори за да се придонесе на разни групи во нашата заедница и целокупно општество, како и преку активното учество во борбата за искоренување на полиото во светски рамки преку имунизација, така и од сега посветено ќе работи на реализација на функционални и самоодржливи проекти во духот на хуманите Ротаријански принципи.     

Последни измени ( среда, 15 мај 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive