Во Струга се одржаа пролетните Нотарски денови PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 13 мај 2019
notari1wa.jpgСогласно законската обврска за редовно стручно усовршување и едукација на нотарите, на 11 и 12 мај 2019 година, во хотел "Изгрев", Струга се одржаа редовните пролетни Нотарски денови во организација на Нотарската комора на Република Северна Македонија.

Покрај задолжителното присуство на сите нотари и дел од вработени во нотарските канцеларии, овие Нотарски денови беа збогатени и со присуството на претседателот на Основниот суд Скопје 2 Скопје – г-дин Илир Сулејмани, заменик претседателот на Основниот суд Скопје 2 Скопје – судија Наталија Донева, деканот на Правниот факултет Јустинијан први Скопје – проф. д-р Горан Коевски, професорите на Правниот факултет –проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, проф. д-р Ана Павловска Данева, проф. д-р Никола Тупанчески и професорот во пензија, д-р Арсен Јаневски, судијата во Апелационен суд во Битола - Бошко Богдановски, државниот советник во Министерството за правда – г-ѓа Љубица Караманди Попчески, претставникот на Комората на извршители – г-ѓа Елена Стрезовска, извршител од Охрид, членот на Комисијата за полагање на нотарски испит – Златко Николовски, нотар во пензија и надворешните соработници на Нотарската комора –Ранко Максимовски, Фиданчо Стоеви Теофил Томановиќ, судии во пензија.

 

Нотарските денови ги отвори претседателот на Нотарската комора, г-дин Васил Кузманоски соупатување на поздрав до излагачите и гостите, а веднаш потоа пред сите нотари, свечено ја презентира издадената Монографија ,,20 години НОТАРИЈАТ во Република Македонија’’и оддадезначење и признание за досегашното постоење и функционирање на нотаријатот во Република Северна Македонија, кое е претставено во монографијата, издадена од Нотарската комора по повод 20 години нотаријат во Република Македонија, настан кој свечено беше одбележан во месец јуни минатата година. notari2wa.jpg

Претседателот, г-дин Васил Кузманоски истакна дека токму навршувањето на 20 години нотаријат во Република Македонија е поттик за издавање монографија, во која редоследно и фактографски се прикажани настаните што го одбележаа развојниот пат и градењето на нотаријатот во Република Македонија, како институција што има значаен придонес во обезбедување правната сигурност во Република Македонија.Изрази верување дека оваа монографија, како пресек на најзначајните случувања и активности кои го одбележаа нотаријатот, ќе биде корисен извор на податоци за подобро запознавање и приближување кон македонскиот нотаријат, но истовремено ќе послужи како поттик и насока за идниот развој на нотарската служба.

 


Во неговото обраќање посебно беше нагласено следното:

,,Оваа монографија ќе остане сведок на едновреме, време на основање, развој и растеж на Нотаријато твоРепублика Македонија, време на големи напори и големи предизвици и достигнувања и ќе биде светилник за сегашните и идните генерации за натамошен развој на нотарската служба во интерес на граѓаните и општеството.’’

           

Примерок од Монографијата беше поделена на сите присутни нотари и гости на Нотарските денови.

 

 По обраќањето на претседателот на Нотарската комора, од името на министерот за правда, г-ѓа Рената Дескоска пред присутните со поздравен говор се обрати г-ѓа Љубица Караманди Попчески, државен советник во Министерството за правда, која го нагласи значењето и потребата од оргaнизирањето на едукација на нотарите од ваков вид како што се Нотарските денови.             

Нотарските денови продолжија со излагањата од предвидената Програма, при што се даде акцент на теми во врска со постапката за издавање на решение за нотарски платен налог, но и други теми кои се од интерес и потреба за нотарскотоработење.  notari4wa.jpg

 

       Првата тема:,,Улогата на нотарите во работењето на деловните субјекти’’ja изложи деканот на Правниот факултет, проф д-р Горан Коевски, кој се осврна на овластувањата и надлежностите на нотарите пропишани со Законот за трговските друштваи укажа на потребата од подобро и посистематско уредување на улогата на нотарите во некојa наредна новела на ЗТД.                 

Со последните изменувања и дополнувања на Законот занотаријатот од декември 2018 година, најголемиот број на новини се однесуваат на постапката по нотарски платен налог.  Ова е и причината во втората да тема да бидат разработени новините во поглед на постапката за издавање на нотарски платен налог, со посебен осврт на проблемите и дилемите со кои се соочуваат нотарите во своето постапување, а согледано преку судското постапување по повод поднесените приговори.

·        Втората тема: ,,Постапка за донесување на решение за нотарски платен налог и достава согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот (Сл. весник на РМ бр. 233/18) – практична примена, проблеми и дилеми’’ja изложи заменик претседателот на Основниот суд Скопје 2 Скопје, судија Наталија Донева.

ТреТретата тема:,,Решениезаиздавање на нотарскиплатенналог и приговор,,јаизложи д-р Арсен Јаневски, професор во пензија на Правниот факултет Јустинијан Први Скопје.

 

Вонеговото излагање, посебено осврт се даде на формата и содржината на Решението за издавање на нотарски платен налог согласно последнитеи змени на Законот за нотаријатот, краток осврт кон процесните решенија во постапката за издавање на нотарски платен налог и беа изложени новините кои сеоднесуваат на приговорот противрешението за издавање на нотарски платен налог.

 

Првиот ден од Нотарските деновизавршисопанел дискусија во врска со Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, кој е во примена од 7 јули 2018 год., модерирана од страна на нотар Мери Весова, претседател на Комисијата на Комората за вршење надзор над овој закон, нотар Данче Шеримова, претседател на Стручниот совет и Татјана Димитрова, заменик секретар на Комората. На оваа панел дискусијата со активна вклученост на нотарите беа разгледани поставените спорни прашања и дилеми од нотарите и беа дадени соодветни одговори, кои претходно се усогласени со Управата за финансиско разунавање.


 

Вториот ден од Нотарските денови беше посветен на разгледување на прашања и дилеми во нотарското постапување од страна на Стручниот совет на Нотарската комора.

 

Како и претходните, така и овие Нотарски денови се покажаа како најдобро избран механизам за стручно усовршување и надоградување на нотаријатот во Република Северна Македонија.

 

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Нова песна на Папаз и Даз-"Знам"
papaz1q.jpgПрвиот сингл "Разбуди се", на Горан Папаз и Даз Флоу беше вистинско освежување на македонската музичка сцена во 2011-та кој се искачи на врвот на македонските топ листи.
Читај повеќе...
 
Да и' помогнеме на малат Мила да замине на операција ...
на 3-ти јуни, 2019 (понеделник) со почеток во 21 часот, на плажата "Куба " ќе се одржи голем хуманитарен концерт за нашата Мила Димоска од Охрид.
На концертот ќе настапуваат следниве изведувачи:
Ѓоко Танески,
Дамјан Пејчиновски,
Петар Марковски,
Јова Куцин и
The Backdoor Band.
mila1we.jpgМила Димоска од Охрид има 2 години и боледува од дистрофија (оштетување на мозокот).
По две успешни операции во Кина потребна е и трета операција што е можно поскоро за нејзиниот напредок да продолжи.
Читај повеќе...
 
Охриѓанец на Фејсбук ширел расистички и...

fejs1q.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.Д.(45) од Охрид.  

Читај повеќе...
 
Штраусовиот "Лилјак" на плоштадот во Охрид
maturska200t.jpgСо танц на музика од штраусовата опера „Лилјакот“, околу 400 матуранти од  четирите  охридски средни училишни центри на плоштадот „Св. Климент Охридски“  се вклучија во манифестација „Матурска парада 2019“.
Читај повеќе...
 
"Бисера" објви конкурс за најубаво уреден двор и...
dvor1w.jpgПо повод Денот на Екологијата 05 Јуни, Женскиот Центар "Бисера"- Охрид објавува конкурс за избор на најубаво уреден двор и станбена површина.

Читај повеќе...
 
Охриѓанец го "опремил" домот со пиротехника
petardi1q.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.С.(32) од Охрид.
Читај повеќе...
 
Одбележан денот на пчелата
dennapcelata1q.jpgСо словенечки доручек, во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца, денес, беше одбележан Светскиот ден на пчелата. Настанот беше во организација на Амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец, и почесниот конзул на Република Словенија, Шенол Ислам.
Читај повеќе...
 
Нападнал охриѓанец и киднал
nasilie1q.jpgВчера,  во 18 часот и 45 минути, на булевар „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Љ.Г. врз З.К.(62), двајцата од Охрид.
Читај повеќе...
 
Конкурс на Црвен крст на тема:"Нашата животна..."

crvenkrst10t.jpgВо рамки на активностите посветени на 5ти Јуни 2019, светскиот ден на животната средина како една исклучително значајна определба, во рамки на хуманата димензија и хуманите вредности во заштитата на животната средина, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Нашата животна средина наш генерациски долг“.

Читај повеќе...
 
Ученици ја најавија манифестацијата "Охрид трчат"
najava1ww.jpgУченици од основните училишта од Охрид и Дебрца учествуваа на Училишната трка која беше одржана денеска, како најава за третото издание на Спортската манифестација „Охрид трчат“.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive