49 загинати во напад на две џамии во Нов Зеланд PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 15 март 2019
krejs1qq.jpgПолицијата на Нов Зеланд кажа дека бројот на жртвите во терористичкиот напад врз две џамии во Крајстчрч се зголемил на 49. Има еден обвинет кој утре ќе биде изведен пред суд, рече шефот на полицијата, но не кажа дали истото обвинет ги извел обата напада.

Човекот кој презеде одговорност за нападот рече дека е 28-годишен Австралиец, а своите антиимигрантски мотиви ги опишал во манифест на 74 страници. Тој кажал дека дошол во Нов Зеланд специјално за да се подготвува за овој напад, а дека мотивот му бил да покаже дека и „најзафрленото место на светот не е слободно од мигранти и бегалци“.

Напаѓачот го пуштил нападот на Фејсбук во живо, снимајќи со камера поставена на главата. Снимките покажуваат како одблиску пука врз мажи, жени и деца внатре во џамијата. Полицијата побара јавноста да не ги споделува екстремно потресните снимки. Фејсбук кажа дека ги избришал фејсбук и инстаграм профилите на напаѓачот и дека работи на тоа да ги симне сите снимки од  Интернет.

Австралискиот премиер Скот Морисон претходно рече дека еден од уапсените е Австралиец, за кого кажа дека е „екстремено десничарски насилен терорист“.

Полицијата претходно кажа дека се уапсени тројца мажи и една жена.

Исто така, пронајдени се две експлозивни направи во една кола, кои се деактивирани.

Над 20-мина се тешко повредени во пукотниците во две џамии полни со верници на петочна молитва во Крајстчрч, Нов Зеланд. Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн рече дека инцидентите се терористички напад, еден од „најцрните денови“ во земјата. Расистичкиот напад бил темелно планиран.

Ардерн алудираше дека можен мотив за нападот е антиимигрантското чувство и рече дека е можно многу од загинатите да се мигранти или бегалци.

„Тие ги избрале Нов Зеланд за свој дом, и ова е нивни дом. Тие се наши. Лицето кое го изврши ова насилство врз нас не е наш“, рече премиерката.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive