Библиотека:Два културни настани PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 15 март 2019

shapkarev1q.jpg185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев, во знак на почит и негување на делото на Кузман Шапкарев Библиотеката ги најавува  следните активности:

18 март ( понеделник  ) 12:00 ч. 

НОВИ ФАКТИ ЗА ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА КУЗМАН ШАПКАРЕВ

Ќе беседат:  Татјана Дурнева, професор по македонски јазик и книжевност

Д-р Томе Груевски – професор на Факултетот за новинарство во Скопје 

„Журналистичката и публицистичка дејност на Кузман Шапкарев“

Извадоци од богатото творештво на Шапкарев ќе читаат учениците: Елена Кецкароска и Петар Лекоски.

 

18 март 2019  во 12 часот – ГОЛЕМА САЛА НА ОПШТИНА ОХРИД

____________________________________________________________

 

Свечено одбележување на   60 години  живот  и 40 години од излегувањето на Првата книга ( “Гравири “) на Славе Ѓорѓо Димоски

 

Беседник  :  проф. д-р Димитар Пандев

Стихови ќе читаат: Марина Димовска и Јован Цветкоски

18 март, 2019   18 часот ПРЛИЧЕВА ОДАЈА – НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Деновиве во издание на ПНВ Публикации од Скопје излезе книгата „Гравири – 40 години отпосле“, репринт изданието е  проследено со нови критички согледувања од Венко Андоновски и Димитар Пандев.

Славе Ѓорѓо Димоски до денес објавил 18 одделни поетски книги од кои 5 за деца, осумнаесет оделни поеткси книги му се објавени на други јазици, а одделни песни и поетски циклуси преведени се на над триесет јазици. За неговата поезија напишана е едена есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.

За својата поезија повеќекратно е наградуван во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“, „Гран-при на европската поезија, и двапати на охридскато највисоко признание “Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“, еднаш за особен придонес во подемот на Охрид и еднаш за животно дело.

Посетителите ќе можат да го купат репринт изданието на „Гравири“ а во Прличевата одаја ќе биде поставена и изложба на дела од Славе Ѓорѓо Димоски објавени на македонски и повеќе странски јазици.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive